28 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНеколку чекори со кои ќе ја зголемите успешноста на вашиот бизнис тим

Неколку чекори со кои ќе ја зголемите успешноста на вашиот бизнис тим

business-team-using-laptop-to-work_1098-1847

Како бизнис лидери, ви треба повеќе од исклучителен талент за да успеете во ова. За да го зголемат квалитетот на бизнис тимот, претприемачите треба да научат многу од големите светски олимписки спортисти кои го достигнале нивниот целосен потенцијал.

Следуваат советите од „Business Insider“ како можете да го зголемите квалитетот на вашиот бизнис тим.

Насочете го тимот кон заедничката визија

Во бизнисот, вашите вработени не започнуваат со заедничката визија, затоа погрижете се за јасноста на крајната цел, и зошто е таа важна. Откријте, зошто секој од вработените се грижи за целите, потоа користете ја мотивацијата за да постигнете успех.

Водете ги вработените да го постигнат најдоброто

Не ги туркајте вработените да бидат еден против друг, сплотете и ги мотивирајте ги, малата конкуренција може да биде добра, само како поттик. Бидете смирени но и „агресивни”.

Вреднувајте ги индивидуалните силни страни на секој вработен

Секоја личност е важен член во тимот, затоа е потребно да им помогнете да препознаат на кој начин можат најдобро да ја подржат групата. Важно е, секој од вработените да се чувствува важен за организацијата.

За да го постигнете ова, покажете му на секого од вработените како неговите силни страни ќе му помогнат на тимот.

Охрабрете го пријателството

Себичноста и љубомората го уништуваат тимскиот напор, затоа потенцирајте ја успешноста на тимот. Да се биде среќен за другите, односно успехот на другите ќе ве направи и вас успешни. Како тим можете да постигнете многу повеќе.

Потсетете ги вработените, дека успехот за кој сите се стремите (компанискиот успех) е победа која заедно ќе ја делите. Главните играчи ќе ви помогнат да се издигнете повисоко.

Промовирајте култура на поддршка

Психичките притисоци од состаноците и амбициозните цели (во ситуации кога се работи повеќе часови) можат да биде напорни за повеќето.

Поддршката треба да доаѓа од сите, не само од лидерот. Ова го држи тимот кога притисокот надоаѓа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП