25 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАЗа што најчесто вработените ја напуштаат својата работа?

За што најчесто вработените ја напуштаат својата работа?

9153827_m

Се покажа дека парите не се главната причина поради која вработените ја напуштаат својата работа. Или барем така тврдат 1000 испрашани во последното истражување на оваа тема.

Проблем број 1 според вработените е недостатокот на можности за развој, така што по некое време им станува досадно и на најдобрите вработени во секоја компанија. Работата надвор од формалните 8 часа дневно, поради што за семејството останува помалку време е втората наведена главна причина за напуштање на работното место.

Едвај на трето место доаѓаат и парите, или поинаку кажано, не е се до парите. Да, дел од вработените имаат тенденција на компромис, но само ако имаат можност за идно напредување или зголемување на платата по одреден временски период.

Што ги загрижува најчесто вработените?

Фактот дека газдите не веруваат на некој вработен е наведен како иритирачки од испитаниците. Следат очекувањата дека треба да се достапни надвор од работното време или за време на викендите, како и проблемите со своите колеги.

Обвинувањата од страна на раководството, како и недостатокот на можност за флексибилно работно време, исто така загрижува дел од вработените.

Загриженоста пак е поврзана најчесто со недостатокот на организација, како и слабата заинтересираност од страна на газдите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП