19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија: Инфлацијата се пониска

Германија: Инфлацијата се пониска

inflacija31

Инфлацијата во Германија, најголемата европска економија, се намали во април на најниското ниво во последните две ипол години, покажуваат официјалните податци од Берлин.

Трошоците за живот во Германија овој месец се зголемени за 1,2 проценти на годишно ниво, во однос на 1,4 проценти во март, се наведува во прелиминарните податоци на Сојузниот завод за статистика – Дестатис, пренесува агенцијата Франс Прес.

Последен пат стапката на инфлација на годишно ниво беше ниска во септември 2010 година. На месечно ниво, индексот на потрошувачките цени (ЦПИ) беше намален во април за 0,5 проценти во однос на март.

Според хармонизираниот индекс на потрошувачки цени (ХИЦП), кој како мерило за инфлација го користи Европската централна банка (ЕЦБ), инфлацијата во Германија овој месец се намали на 1,1 од 1,8 проценти кои беа забележани во март, наведува Дестатис.

ЕЦБ смета дека постои ценовна стабилност ако растот на ХИЦП изнесува околу два проценти, но под два проценти. Прелиминарните податоци за инфлацијата се добиени врз основа на податоците за ЦПИ во 6 од 16 германски покраини. Конечните податоци, врз основа на статистиката од 16 покраини, ќе бидат објавени на 14 мај.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП