19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSwitch е најбрзо продавана конзола во историјата на Nintendо

Switch е најбрзо продавана конзола во историјата на Nintendо

swits30

Најновата конзола на „Nintendo“, „Switch“ во првите неколку дена покажува дека би можела да биде следниот голем хит на овој јапонски гигант.

Продажбата на конзолата во првите денови била најдобра за било кој уред на „Nintendo“ во историјата, во Северна Америка. Тоа за „New York Times“ го откри Реџи Филс-Ајм, претседател на „Nintendо“ во Америка. Покрај тоа, новата игра „The Legend of Zelda: Breath of the Wild“ имаше најдобро лансирање во историјата на компанијата со што ја надмина „Super Mario 64“.

Се уште е тешко да се предвиди како „Switch“ ќе се продава, но во овој момент „Nintendo“ има причина за задоволство. Особено, доколку се земе во предвид фактот дека „Switch“ со продажба стартуваше во март, додека вообичаеното време за лансирање на конзолата е ноември, кога беше пуштен во продажба и „Wii“, пренесува „Business Insider“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП