25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИiPhone со екран од 5,8 инчи?

iPhone со екран од 5,8 инчи?

inc300

За „iPhone Pro“ верзијата се зборуваше речиси малку, па нормално е гласини да се појаваат и во 2017-та година. Како што пренесува „Techradar“, „Apple“ најверојатно работи на модел на телефон со „OLED“ екран и дијагонала од 5,8 инчи.

Извор е сајтот „Nikkei“, кој досега инсистираше на тоа дека „Apple“ оваа година на пазарот ќе има телефони со екрани од 4,7 инчи, 5 инчи и 5,5 инчи.

Сепак, сега дојде до промена и изворите на овој портал наведуваат дека во подготовка е модел кој ќе биде најскап во гамата на познатата компанија.

Имено, „iPhone Pro“ или можеби „iPhone 8“ би бил платформа на која „Apple“ ќе ја тестира технологијата и ќе обезбеди инфраструктура која ќе и овозможи на компанијата следната година сите телефони да имаат екрани со „OLED“ технологија.

Како што потсетува, станува збор и за телефон кој би имал најголеми димензии, но и најголем екран, затоа што долниот дел од телефоно ќе биде оставен за „фиксни функции“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП