28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕК: Грција бележи напредок во спроведувањето на реформите

ЕК: Грција бележи напредок во спроведувањето на реформите

evropska-komisija-grcija

Грција постигна значителен напредок во спроведувањето на неопходните реформи и делумен во престуктуирањето на државната администрација, во изградбата на автопатишта и во создавањето услови за увозни олеснувања, се наведува денеска во објавениот извештај на Работната група за Грција при Европската комисија.

Ова е четврти квартален извештај на Работната група, која има за цел да и пружа техничка помош на Грција при спроведувањето на реформите и преструктуирањето на економијата.

– Грција направи голема работа во многу тешки услови и сега е многу важно да успее да го задржи темпото во спроведувањето на реформите, изјави еврокомесарот за економска и монетрана политика Оли Рен при денешното претставување на извештајот во Брисел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП