29 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSamsung за првиот бран нарачки подготви 12 милиони Galaxy S8

Samsung за првиот бран нарачки подготви 12 милиони Galaxy S8

Samsung-Galaxy-S8-Release-Date-774955

„Samsung“ на крајот од овој месец (29-ти март) ќе го претстави својот најнов смартфон – „Galaxy S8“. Најновите информации кои пристигнуваат од Јужна Кореа говорат дека во „Samsung“ се многу сигурни за големиот бран на купувачи.

Имено, корејските извори наведуваат дека „Samsung“ за првиот бран нарачки во текот на април 2017-та ќе обезбедат околу 12 милиони примероци на „Galaxy S8“, поточно 12,5 милиони. Изворот наведува дека во текот на март „Samsung“ ќе произведува околу 4,7 милиони, а во текот на април дополнителни 7,8 милиони примероци на „Galaxy S8“.

Овој извор во моментов не располага со информации во кој размер ќе бидат застапени моделите „Galaxy S8“ и 2Galaxy S8+“. Доколку се мине во најдобар ред и не нема непланирани одложувања, новиот „Galaxy“ ќе го видиме на 29-март, а нарачките ќе започнат да се примаат од 10-ти април, а класичната продажба низ целиот свет ќе стартува од 21-ви април.

Додека го чекаме официјалното претставување пристигна и информацијата дека „Samsung“ екранот на новиот „Galaxy“ го брендираше како „Infinity Display“. Зошто точно е избран ова име ќе дознаеме на годинешниот „UNPACKED“ настан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП