25 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕAvro Business Jet - Луксузна летачка резиденција (фото)

Avro Business Jet – Луксузна летачка резиденција (фото)

ави1

Брилијантниот тим од DesignQ, дизајнерското студио од Обединетото Кралство, го прифати предизвикот од BAE Systems, да креира неодоливо луксузен концепт за регионален авион…

Еден од своите предлози, наречен Elegantе, компанијата го опишува како удобен луксуз, но, ние едноставно би го нарекле величествен. Богатите материјали и флуидни облици се споени во овој дизајн, а се проследени со напредната технологија, со цел да се формира грациозно и многу интригантно опкружување.

Пространиот распоред на овој авион содржи голема кујна во предниот дел, прекрасна ложа како и гостољубива трпезарија во средишниот дел, во која има доволно место за осум патници, кои можат да уживаат во оброкот и комплетниот комфор. Во меѓувреме, во задниот дел, приватната ложа со удобни лежаи и полици за книги ќе ве доведе во вистинско расположение, а сигурни сме дека ќе ви го разубави денот ако со тоа го добиете и својот омилен пијалок.

Исто така, спалната соба со пространа туш кабина и луксузен гардеробер оставаат силен впечаток, додека Avro Business Jet лета кон вашата дестинација, со максималната брзина од 800 км на час. Во оваа кабина, некогаш имало доволно место за 100 патници, што доволно ви говори за неговата големина.

Цената на овој ексклузивен ентериер е шест милиони долари, што и не е така многу ако поседувате свој приватен авион, како што вели Хавард Гај, директор на студиото DesignQ.

ави2

ави3

ави4

ави5

ави1

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП