25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕврото зајакна благодарение на новата италијанска влада

Еврото зајакна благодарение на новата италијанска влада

evro4

Еврото денес зајакна во однос на доларот на меѓународните девизни пазари, благодарение на веста за формирање на новата влада во Италија, но засега неговиот курс е ограничен поради очекувањата да се намалат каматните стапки во еврозоната.

Еврото во такви услови зајакна за 0,5 проценти во однос на доларот, на 1,3095 долари.

Во меѓувреме, доларот ослабна и во однос на јенот, и тоа за 0,3 проценти и се тргуваше за 97,75 јени.

Еврото е поддржано и од поголемата побарувачка на обврзници од презадолжените членки на еврозоната, откако политичката ситуација во Италија конечно беше разрешена со доаѓањето на политичарот од левицата Енрико Лете, како премиер во новата италијанска влада.

Пазарите очекуваат дека Европската централна банка (ЕЦБ) во четврток ќе ја намали каматната стапка на 0,5 проценти, од моменталните 0,75 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП