29 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSpotify има 50 милиони претплатници

Spotify има 50 милиони претплатници

sportify023

Водечкиот светски сервис за стриминг музика, „Spotify“, сега има вкупно 50 милиони претплатници.

Тоа е голем успех за сервис, со оглед дека бројот на претплатници порасна за 10 милиони за помалку од шест месеци (раст oд 25%). Пред една година, „Spotify“ објави дека има 30 милиони претплатници, па во септември бројот на претплатници се зголеми на 40 милиони.

Најзначајниот конкурент на шведскиот „Spotify“ e „Apple“, чиј сервис за стриминг музика во декември имаше 20 милиони претплатници. Тоа значи дека „Apple“ тешко во скоро време ќе влијае на водечката позиција на „Spotify“.

„Spotify“ моментално спроведува дополнителна експанзија на американскиот пазар, отвора нови канцелари, што вклучува и вработување на 1.000 нови работници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП