29 март, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕParadise Cove - луксузна вила во Малибу (фото)

Paradise Cove – луксузна вила во Малибу (фото)

па1

Оваа куќа на плажа, наречена „Paradise Cove“, е еден од најпопуларните имоти во Малибу…

Овој имот со двојни огради и повеќе нивоа, четири спални соби и четири бањи, го дизајнираше Стивен Ерлих, а познатиот дизајнер на ентериери Михаел Ли му го даде изгледот кој денес го има.

Главната спална соба има пространа тераса, бања во спа стил, два големи плакари, додека стаклените ѕидови овозможуваат совршен поглед на Тихиот океан. Оваа вила, исто така, има гурманска кујна, опремена со „Gaggenau“ и „Sub-Zero“ апарати.

Пространата дневна соба и трпезаријата, исто така, се вредни да се споменат, бидејќи се отворени кон прекрасната тераса и имаа директен излез на плажа.

Покрај сето ова, тука се и трите спални соби кои исто така имаат поглед на океанот, канцеларијата со библиотека, винската соба со подови од бамбус, како и гаражата за два автомобила.

Ова прекрасно ремек дело на архитектурата моментално е на продажба по цена од 27,5 милиони долари.

па2

па3

па4

па5

па6

па7

па8

па9

па10

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП