19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманците го зголемија извозот надвор од ЕУ

Германците го зголемија извозот надвор од ЕУ

madeingermany

Германскиот извоз во земјите надвор од ЕУ до 2025 година ќе го надмине обемот на извоз во 27-члената унија, соопшти една од водечките бизнис организации.

Групацијата извозници „BGA“ наведува дека трговската размена на Германија со преостанатите членки на ЕУ претрпе голема штета поради економската криза која трае во последните неколку години, пренесува агенцијата АП.

Претседателот на „BGA“ Антон Бернер изјави дека неговата групација очекува дополнително влошување на економските услови во земјите на Јужна Европа, и дека е мала надежта за спроведување на структурните реформи во Италија и Франција во наредните години.

Во меѓувреме, германскиот извоз во САД би можел да се зголеми за 15 проценти на речиси 100 милијарди евра во оваа година, додека извозот во Кина би требало да се зголеми за пет проценти на 70 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП