25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗемја во која жените заработуваат повеќе од мажите

Земја во која жените заработуваат повеќе од мажите

zeni1

Просечната плата на жените во Луксембург е за три проценти поголема од платата на мажите, покажа истражувањето на агенцијата Статек.

Жените во оваа мини европска држава имале просечна годишна заработка од 45.767 евра, а мажите од 44.224 евра, пренесуваат француските медиуми.

Во извештајот се наведува дека причината за тоа лежи во факторот дека жените се повеќе присутини во повеќе платените сектори.

Жените во Луксембург најчесто работат во образованието или во банкарскиот сектор и осигурителните компании, додека во другите сектори се присутни само со 15 проценти.

Во тие сектори е потребна квалификувана работна сила, со завршено високо образование. Во извештајот се наведува дека 30 проценти од вработените во Луксембург имаат диплома од VI и VII степен на образование, 47 проценти од IV степен на образование, а 23 проценти од III степен.

Речиси 29 процени од граѓаните на Луксебург имаат завршено само III степен на образование, додека на пример, 63 проценти од Германците имаат IV степен на образование, а 41 процент од Белгијците имаат универзитетска диплома.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП