20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција очекува рекорден број на туристи

Грција очекува рекорден број на туристи

grcijaturizam1

По осеката во грчкиот туризам, плимата се чини дека повторно се враќа. Економската криза, политичката небезбедност и штрајковите во последните години ги избркаа туристите од оваа земја, доведувајќи го овој сектор во тешка позиција.

Но, оваа година Грција очекува рекорден број на туристи, дури 17 милиони, пренесуваат странските медиуми.

Како што велат од туристичката заедница во таа земја, за тоа можат да му се заблагодарат на падот на цените и подобрувањето на условите во овој сектор, но најпрво на политичката стабилност во оваа земја.

Колку овој сектор е значаен за грчката економија говори податокот дека туризмот во бруто домашниот производ на земјата е вклучен со 18 проценти.

„Кризата тешко не погоди. Со намалувањето на побарувачката се намалија и цените за повеќе од 40 проценти во последните четири години“, изјавија туристичките работници.

Но сепак мора да гледаме и на позитивната страна, а тоа е дека денес нудиме далеку подобри услови, бидејќи хотелите се исти но многу поевтини и тоа за 40 до 50 проценти“, вели Александрос Василикос, претседател на Здружението за хотелиери.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП