20 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАЗапочна порачката на телевизори со конкавен екран

Започна порачката на телевизори со конкавен екран

telvizor

Компанијата „LG“ започна да ги прима порачките за својот „HDTV“ со конкавен „OLED“ екран. Испораката за купувачите на корејскиот пазар ќе започне за еден месец.

Моделот 55EA9800 е телевизор со екран од 55-инчи. Слично како и на платното „IMAX“, екранот на овој телевизор ќе биде конкавен и на гледачите ќе им пружи потполнпо задоволство при гледањето на содржините. Дебелината на екранот изнесува само 4.3 мм, а целиот уред тежи 17 килограми. Малопродажната цена за корејскиот пазар изнесува 13.500 долари. Податоците за цената и датумот на пласирање на останатите пазари ќе бидат објавени во следните месеци.

Телевизорите со „OLED“ екраните се уште се многу ретки, а воедно и релативно скапи. Телевизорот на „LG“ со рамен екран и 55-инчи беше најавен во јануари минатата година, а продажбата започа дури по 14 месеци. Малопродажната цена на овој модел во Кореа изнесува 9.900 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП