24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСветската банка и одобри 100 милиони долари на Србија за патишта

Светската банка и одобри 100 милиони долари на Србија за патишта

sb

Одборот на извршни директори на Светската банка одобри заем на Србија во износ од 100 милиони долари за унапредување на патната инфраструктура и безбедноста на патиштата во Србија.

Подобрата патна мрежа ќе ја унапреди конкурентноста на Србија и ќе обезбеди на населението полесен и побезбедеб пристап на работното место, пазарот и социјалните услуги, се наведува во соопштение на Светската банка.

Со проектот ќе се обезбеди и сигнализација, мерки за забавување на сообраќајот о опрема за патишта на дополнителни 1.000 километри патна мрежа во земјата, со што ќе се зголеми безбедноста на патиштата во Србија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП