23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУслугите на Државната фитосанитарна лабораторија поевтини за 60 отсто

Услугите на Државната фитосанитарна лабораторија поевтини за 60 отсто

laboratorija

До 60 отсто се поевтини услугите на македонската Државна фитосанитарна лабораторија ДФЛ за дијагностицирање два карантински растителни вируси и за контрола на активните материи во производите за заштита на растенијата во однос на оние што ги нудат лабораториите во земјите-членки на ЕУ.

Анализите се вршат согласно сите стандарди, техничко-технолошки услови и барања на Унијата. Методите од минатиот месец се и сертифицирани со што Македонија прва во регионот е акредитирана за ваков вид испитувања.

– Со ваква контрола се намалуваат трошоците на земјоделците кои досега контролите требаше да ги прават во други држави, но се заштедува и државата. Воедно, сертифицираните методи овозможуваат подобра заштита на населението и зголемена безбедност на храната што, пак, придонесува и за здравјето на животните, растенијата и животната средина, рече денеска на прес-конференција во Стопанската комора директорката на ДФЛ Билјана Коруновска.

Таа најави уште поинтензивни активности за осовременување на лабораторијата.

– Значењето на добиените резултати од ДФЛ е огромно за што директно влијае врз квалитетот на домашното земјоделско производство, на зголемениот извоз на меѓународните пазари и на пласирањето безбедна храна од растително потекло во земјава, истакна Коруновска.

Државната фитосанитарна лабораторија е основана во 2005 година, а функционира во рамки на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Се занимава со анализи на производи за заштита на растенија, семе и саден материјал, штетници и болести, како и физичко-хемиски својства на активни супстанци кај заштитните препарати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП