23 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАРанобудниците им се поомилени на шефовите

Ранобудниците им се поомилени на шефовите

54eac56bda499_-_wake-up-happy-600

Ранобудниците се поомилени кај шефовите од оние кои доцнат на работа, без оглед дали овие вторите остануваат подолго на работа или работат подобро.

Шефот не ве сака, а вашиот колега едноставно го обожава? Ако не ви е јасно зошто е тоа така, размислете малку кој од вас двајцата доаѓа порано на работа. Истражувањата покажуваат дека на шефовите им се подраги оние кои на работа доаѓаат порано од останатите, без оглед на нивниот работен учинок.

Имено, истражувањето спроведено на Универзитетот во Вашингтон покажало дека шефовите во најголем број на случаите се „утрински лица“, па затоа оние кои доѓаат на работа пред почетокот на работното време им се подраги бидејќи ги сметаат за совесни работници, со слични постапки на нивните.

Истражувањето е спроведено во неколку земји, а шефовите го оценувале квалитетот на вработените врз основа на нивното време на пристигнување на работа. Оние кои доаѓале подоцна останувале до покасно и работеле подобро, но сепак добивале полоши оценки, бидејќи се сметаат за несовесни лица, помалку дисциплинирани и неодговорни без оглед на постигнатите резултати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП