29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПадот на цената на бакарот ја загрозува економијата на Чиле

Падот на цената на бакарот ја загрозува економијата на Чиле

bakar1

На економијата на Чиле, кој е најголем производител и извозник на бакар во светот, и се заканува опасност, бидејќи цената на оваа руда е намалена на најниско ниво во последните 20 години.

Бакарот во оваа земја е толку важен, што тие го нарекуваат чилијански леб и путер.

Поради тоа секоја промена на неговата цена за чилеанската економија може да биде позитивна или погубна.

„Кога цените се високи – владее оптимизмот, но кога тие се ниски – владее песимизмот“, изјави економистот Рикардо Френч.

Во последните две недели цената на бакарот е значително намалена, што силно се рефлектираше врз валутата на Чиле. Доларот станува се поскап во однос на пезосот, а со самото тоа се зголемува и цената на увезеното брашно, како и на лебот.

Чилеанецот Хуан Перез признава дека падот на цената на бакарот значи невоља.

„Цената на лебот се зголемува, се зголемува и цената на горивото, всушност сите цени се зголемуваат, освен нашите плати“, вели тој.

Фелипе Лараин, министер за финансии на Чиле, признава дека бакарот чиј најголем купувач е Кина, е главен извор на буџетските приходи, но сепак, вели дека е рано за паника.

„Нормално дека за нас е загрижувачки што цената на бакарот така брзо се намалува, но ние мора да разбереме дека Кина наместо да има економски раст од 10 проценти, како што беше во 1978 година, таа бележи раст од 7,5 до 8 проценти“, изјави Лараин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП