23 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРА6 правила за личен успех

6 правила за личен успех

The-7-Rules-Of-Personal-Success

Од сите човечки вештини една посебно се истакнува – способност за согледување на „пошироката слика“, т.е способност за перцепирање на важните работи.

„Пошироката слика“ се однесува на основните цели, односно на големите соништа и мечтаења кои луѓето ги негуваат во секоја фаза од својот живот. Но, како да го задржите фокусот и што е потребно за тоа? Ова се шест едноставни правила кои ќе ве одведат до личен успех…

Поставете ги приоритетите правилно

Правилно поставување на приоритетите значи паметен избор меѓу понуденото, одлука по кој редослед ќе се реализираат саканите цели, а сето тоа бара јасна визија.

Мудро користете ги ресурсите

Во некои случаи, мудрото користење на ресурсите значи да се „пазарите“. Тоа значи да посветите внимание на работите кои можете да ги купите само на кредит, барање најповолни услови за станбен кредит, реинвестирање на парите итн.

Задржете го фокусот

Да го задржите фокусот значи да се задржите на своите приоритети и цели, да се концентрирате на пораката, а не на бучната околина. Преземајте ги оние чекори кои вас ве доближуваат до вашата цел. На крајот, тоа е најважно.

Развивајте квалитетни односи

Достигнување на целата бара високо ниво на морал и психичка издржливост. Ги бара вештините и ресурсите кои поединецот ги нема. Тоа значи дека во развојот на личниот успех на човекот му се потребни пријатели и партнери.

Не бидете алчни

Алчноста ги одвојува луѓето едни од други бидејќи ги принудува да тежнаат кон работи како што се парите, моќта, статусот. Алчноста е опасна бидејќи ги држи луѓето во заблуда дека никогаш немаат доволно и дека не смее ништо да се испречи меѓу нив и материјалните цели.

Не бидете спокојни 

Спокојот е спротивен на алчноста. Тоа е преувеличување на сопствените достигнувања, чувство дека сте направиле максимум. Успехот не е „право“. Не може да се земе здраво за готово. Сетете се на приказната за зајакот и желката.

Успешните луѓе не можат себеси да си дозволат чувство на спокој бидејќи добрите времиња не траат вечно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП