20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЈужна Кореја го обвини наследникот на империјата “Samsung” за мито и проневера...

Јужна Кореја го обвини наследникот на империјата “Samsung” за мито и проневера на пари

li

Наследникот на империјата “Samsung” и уште четири топ директори на најголемиот производител на паметни телефони се теретат за повеќе обвиненија меѓу кои и за мито и проневера на пари, истаканаа обвинителите од Јужна Кореја.

Специјални обвинители денеска го обвинија заменик-претседателот на “Samsung”, Ли Јае Јонг за поткуп, проневера, прекуокеанско затајување и лажно сведочење, рече Ли Кју Чул, портпарол на тимот за истрага и корупција за скандалот на Претседателката на Јужна Кореја, Парк Геун Хју.

Ли беше уапсен претходно овој месец и положувањето на обвиненија против него и неговите колеги, речиси сигурно ќе се соочи со судење, што повторно ја става во неизвеснот најголемата компанија во Јужна Кореја која се обидува да се опорави од претходното понижувачко повлекување.

48-годишниот Ли беше на чело на компанијата откако неговиот татко доживеа срцев удар во 2014-та година.

Меѓу другото, Ли е обвинет за плаќање мито во износ од 40 милиони долари на Претседателот Парк за обезбедување на политички услуги. Ли- кој е обвинет и за прикривање украдени средства, ги негираше сите обвиненија.

Неговите колеги се соочуваат со слични обвиненија, освен за лажното сведочење.

Скандалот со Чои Сун Сил, која е обвинета за користење на блиските врски со Претседателката Парк за да ги принуди локалните компании да донираат пари на непрофитни фондации речиси 70 милиони долари, кои Чои наводно ги користела за сопствени цели.

“Samsung” е вториот најголем донатор на фондацијата. Исто така се обвинети и за одделно давање милиони евра на Чои за финансирање за обука на ќерка и во Германија.

Апсењето на Ли е обележано како прво апсење на диретор во “Samsung”, на кој зададе голем удар на корпоративниот имиџ на електронскиот гигант.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП