25 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузен позлатен бургер (фото+видео)

Луксузен позлатен бургер (фото+видео)

173825497958b42549431c1940046063_w640

Позлатениот бургер, инспириан од највисоката зграда во светот Бурџ Халифа, го отсликува луксузот и раскошот на Дубаи, а чини 63 долари.

Овој бургер беше претставен во Дубаи на фесивалот „Пробајте го светот“ во Бурџ паркот.

Бургерот е наречен по највисокиот облакодер во светот, а содржи четири говедски плескавици, префинета паштета, намаз од црни тартуфи, шафран мајонез, а како шлаг на тортата се наоѓа бургер лепиња од 24-каратно злато прилагодено за консумирање.

Ова гурманско ремек дело го направи британската компанија Rouder која имаше за цел да направи нешто што ќе се вклопува со лукузот во Дубаи.

„Со својата неприкосновена репутација за луксуз и неверојатна способност да изгради речиси се поголемо и подобро од остатокот од светот, не можевме да се вратиме на овој фестивал без нешто посебно оваа година“, изјавија од оваа компанија, истакнувајќи дека се многу горди на овој позлатен луксузен бургер.

„Беше многу убав, луксузен, префинет и веројатно преголем за веднаш да се изеде“, додадоа тие.

16819517_1426339494067644_4946245062627620119_o

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП