25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНов рекорд на Кари, но овој пат негативен!

Нов рекорд на Кари, но овој пат негативен!

karito35

Седум натпревари се одиграа изминатата ноќ во НБА лигата, победи запишаа водечките тимови, а индивидуално блескаше Демар Дерозан кој го реши мечот помеѓу Њујорк и Торонто, додека Стеф Кари постави негативен рекорд.

Најдобриот тим во лигата Голден Стејт гостуваше во Филаделфија, запиша победа 119:108, во натпревар во кој Кари не погоди ниту една тројка од 11 обиди што е нов негативен НБА рекорд. Бекот на Вориорс мечот го заврши со 19 поени.

Ол-стар играчот на Торонто, Демар Дерозан, го реши победникот на мечот во Њујорк, откако на 1,9 секунди до крајот на натпреварот постигна поени за конечни 92:91. Дерозан беше најефикасен играч на натпреварот со 37 поени.

Кајри Ирвинг со 25 и Леброн Џејмс со 24 поени го предводеа Кливленд до победата над Милвоки 102:95.

Далас славеше во дуелот со Мајами 96:89, Индијана победи во Хјустон 117:108, Атланта славеше во Бостон 114:98, а Сакраменто загуби од Минесота 88:102.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП