29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАлкалоид АД Скопје објави одлични резултати- зголемена добивка и приходи

Алкалоид АД Скопје објави одлични резултати- зголемена добивка и приходи

zivko

Алкалоид АД Скопје за периодот Јануари – Декември 2016 работеше одлично и оствари консолидирана добивка од 731.818 илјади денари или за 9 отсто повисока од претходната година и единечна нето добивка во износ од 704.270 илјади денари или 10 отсто повисока од 2015 година.

Сметководствени политики и методи на вреднување

Во 2016 година нема промени во сметководствените политики и методи на вреднување на позициите во финансиските извештаи на Алкалоид АД Скопје.

Вкупни приходи

Остварените единечни вкупни приходи во периодот Јануари – Декември 2016 година изнесуваат 6.691.889 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2015 година бележат пораст од 5%. Во структурата на вкупните приходи најголемо учество, 96%, имаат приходите остварени со продажба на производи и услуги кои во споредба со остварените во 2015 година бележат пораст од 7%.

Остварените консолидирани вкупни приходи во периодот Јануари – Декември 2016 година изнесуваат 8.594.098 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2015 година бележат пораст од 4%. Во структурата на вкупните приходи најголемо учество, 96%, имаат приходите остварени со продажба на производи и услуги кои во споредба со остварените во 2015 година бележат пораст од 6%.

Вкупни расходи

Остварените единечни вкупни расходи во периодот Јануари – Декември 2016 година изнесуваат 5.913.845 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2015 година бележат пораст од 5%.

Остварените консолидирани вкупни расходи во периодот Јануари – Декември 2016 година изнесуваат 7.752.050 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2015 година бележат пораст од 4%.

Дивиденда

На 4 април 2016 година на Годишното собрание на акционерите е одобрена пресметка и исплата на бруто дивиденда за 2015 година во износ од 329.211 илјади денари односно 230 денари бруто за една акција. Исплатената нето дивиденда за 2015 година изнесува 207 денари за една акција.

Инвестиции

Вкупните инвестиции во основни средства во периодот Јануари – Декември 2016 година изнесуваат 712.283 илјади денари.

Обврски по кредити

Вкупните консолидирани обврски по кредити на 31.12.2016 година изнесуваат 507.609 илјади денари.

Нови вработувања

Во периодот Јануари – Декември 2016 година во Алкалоид се реализирани 157 нови вработувања во Република Македонија.

Консолидираниот финансиски извештај можете да го погледнете тука.

Неконсолидираниот финансиски извештај можете да го погледнете тука.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП