25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКомплетниот смарт фитнес саат пристигнува со HUAWEI WATCH 2

Комплетниот смарт фитнес саат пристигнува со HUAWEI WATCH 2

eeb

Huawei Корисничката Бизнис Група (BG) денес го претстави HUAWEI WATCH 2 со што воведе нова категорија на производ погоден за носење.

Применувајќи ги најновите истражувачки резултати и развои од технолошкиот иноватор Huawei, создаден е часовник кој претставува комбинација на: поврзаност која го нуди смарт телефонот, апликација за паметно живеење на премиум паметен часовник и детална изведба во стилот на алатките за следење на спортските активности и сето тоа во форма на стилски класичен рачен часовник.

HUAWEI WATCH 2 го наследи класичниот дизајн на оригиналниот HUAWEI WATCH истовремено претстави нови иновации во секоја категорија со цел да обезбеди подобро корисничко искуство и поттикнување на духот за истражување кај своите корисници со што им помагаат да уживаат во активниот лајфстајл.

eea

Часовникот во март ќе биде пуштен во продажба во Шпанија, Франција, Португалија, Италија, Германија и Кина, со почетна цена од 329 € во зависност од дизјанот и карактеристиките кои ќе ги изберете. Од април ќе биде достапен и во други земји вклучувајќи ги Соединетите Американски Држави, Велика Британија, Русија и Австралија. За сите детали во врска со промотивниот распоред погледенте ги линковите подолу.

Во светот каде технологијата стана се повеќе и повеќе интегрален дел од нашите животи, HUAWEI WATCH 2 е производ наменет за оние кои копнеат за слобода во истражувањето, притоа останувајќи поврзани, без да бидат залепени за паметниот телефон. Поддржано од Qualcomm® Snapdragon™ Wear 2100 процесор, Huawei WATCH 2 (4G поддржна верзија) има независна конекција, овозможувајќи им на корисниците да праќаат пораки или да остваруваат повици, независно од мобилниот телефон.

Тој исто така се карактеризира со компатибилност со најновите апликации за паметно живеење. Се одликува со поддршка за мобилните мрежи и работи на новиот Android Wear 2.0 обезбедувајќи конекција за корисниците на Андроид и iOS со што HUAWEI WATCH 2 е олицетворение на духот на отвореност и истражување наменети за сите.

Независна поврзаност која одговара на вашата желба за истражување

Корисниците на HUAWEI WATCH 2 (верзија со 4G поддршка), може да ги остават своите мобилни телефони дома и да одат да трчаат, возат точак или едноставно да истражуваат и да се впуштат во авантура и притоа да бидат поврзани. Благодарејќи на независната мобилна поврзаност и вградениот GPS чип, корисниците може да одговорат на повиците и да пишуваат пораки, да користат независни апликации како: Uber, Foursquare и Telegram. Иновативниот дизајн значи дека оваа дополнителна конекција доаѓа без да  го жртвуваа квалитетот. VoLTE поддршката и dual-микрофон ја елиминираат бучавата и овозможуваат да се обезбеди стабилно и јасно телефонско искуство додека интегрирањето на антената на горниот дел од часовникот за двоен 4G, GPS, Wi-Fi, Bluetooth и NFC значително ја зајакнува конекцијата, овозможувајќи HUAWEI WATCH 2 да остане компактен, додека обезбедува добар прием на сигналот.

Покрај SIM верзија која работи со носачи на мобилни мрежи во светот, HUAWEI WATCH 2, исто така, обезбедува eSIM верзија (достапна за ограничен број земји).

Исто така, некои носачи овозможуваат услуга за еден-број-мулти-SIM. Нема потреба за нов број, бидејќи часовникот и вашиот мобилен телефон може  да го делат истиот број. Но, тој оди многу подалеку од тоа да биде само партнер на вашиот паметен телефон, HUAWEI WATCH 2 (со 4G поддржана верзија) обезбедува флексибилна конекција потребна во модерниот активен живот и добива сè што може да се контролира со една рака.

Комплетен партнер на вашето здравје и тренинзите

HUAWEI WATCH 2 е исто така фитнес алатка која користи повеќе сензори со напредни алгоритми кои овозможуваат фитнес решенија и го прават вежбањето ефикасно. Вградените паметни сензори собираат сеопфатни податоци за активноста на корисникот, вклучувајќи далечина, брзина, чекори, отчукувањата на срцето, опсег на срцето, калории, од, пат и повеќе.

eeh

Со само еден допир на HUAWEI WATCH 2 се отвора апликацијата за тренинг со што вежбањето може да започне. Режимот за „Горење на масти“ или „Кардио вежби“ ќе им овозможи на тркачите да започнат брзо и часовникот да ја води нивната брзина за да останат во зоната на дозволените отчукувања на срцето. Трчање со HUAWEI WATCH 2 овозможува да добиете во реално време насоки, вклучувајќи известувања за далечина, стаус за крајната цел и предупредување за состојбата на срцето базирано на калкулирани планови за тренинг, HUAWEI WATCH 2, исто така може динамички да ве извести дали да го забрзате или забавите тренингот бидејќи тој ве прати во текот на секоја фаза на вашето вежбање. Со поддршка на HUAWEI WATCH 2’s GPS и системот за детектирање на  ритамот на срцето HUAWEI WATCH 2 го мери вашиот VO2max после секој тренинг. По предвидениот џогинг часовникот автоматски генерира извештај кој дава совети за обновување на времето и ефектите од тренингот.

Останати елементи за поддршка го вклучуваат и вградениот GPS кој ја следи рутата по која вежбате. HUAWEI WATCH 2 исто така ви дозволува да додавате музика која ќе ве следи за време на тренинзите преку музичката апликација Google PlayTM. Корисниците може да симнуваат песни, да слушаат музика и да имаат пристап до нивните плеј листи. Покрај вежбањето, HUAWEI WATCH 2 го промовира секојдневниот здрав начин на живот. Апликацијата Daily Tracking точно ги мери дневните чекори на корисникот, го запомнува времето од медиум до интензивни вежби, и следи колку пати сте станале после долго седење. Сите овие информации се пријавуваат преку барови за прогрес, со цел да се поттикне поздрав и поактивен живот. Континуираното следење на отчукувањата на срцето ја следи неговата работа и отчукувањата во позадина и дава известувања за работата на срце во последните шест часа со помош на крива линија. HUAWEI WATCH 2, исто така, го мери и одморот на срцето, кој се снима во апликацијата за следење на активноста.

Хронографски дизајниран часовник

eeg

HUAWEI WATCH 2 има класичен дизајн на рачен часовник кој ги интегрира паметните карактеристики со спортските функции истовремено задржувајќи го стилскиот изглед. Направен од софистицирани материјали, дизајнот со двојна круна овозможува врвно чувство. Направен по углед на класиците, часовникот е прилагодлив на карактерот на носителот, бидејќи нуди истовремено класичен и спортски дизајн. Екранот со висока резолуција може да се персонализира  благодарејќи на повеќе дизајнерски лица, овозможувајќи им на корисниците брз пристап до омилените апликации кои најчесто ги користат. Во прилог на хронографскиот дизајн, HUAWEI WATCH 2 е опремен со керамички рамка што овозможува добар квалитет, нудејќи удобно искуство при носењето.Часовникот е исто така дизајниран за да обезбеди удобност и да одговара за време на вежбањето, што значи дека е заоблен и природно го следи свијокот на зглобот. Тој е помал и покомпактен во однос на претходната генерација на Huawei часовници, со што деловите на часовникот се сместени од една страна кои завземаат 88% од вкупната површина на часовникот.

Попаметно искуство

Со новиот паметен оперативен систем и интуитивните контроли, HUAWEI WATCH 2 е личен асистент кој носи погодности без да му се наметнува на секојдневниот живот. Работи на новиот Android Wear 2.0, со отворен екосистем и им овозможува на двата IOS и Андроид корисници да имаат полза од една огромна библиотека на компатибилни апликации. Контролата на допир, Инструкциите за интелигентно препознавање на говор и глас им овозможува на корисниците брзо да комуницираат со HAUWEI WATCH 2 и да одговорат на комплексни пораки. Апликацијата Android PayTM* и NFC технологијата овозможуваат едноставни и безбедни плаќања. Батеријата е попаметна благодарение на оптимизираната батерија со поголема густина и подолг живот. При редовна употреба батеријата трае два дена,а до 10 часа кога е ставен во “режим за тренинг ” и до три недели во “режим на часовник”.

Porsche Дизајн на HUAWEI Smartwatch

pors

Технолошкиот иноватор Huawei и врвниот лајфстајл бренд Porsche Design го проширија своето партнерство со објавувањето на новиот Porsche Design HUAWEI Smartwatch. Надополнување на Porsche Design HUAWEI Мате 9, кој беше лансиран во ноември 2016 година, производот дополнително е збогатен со корисничкото искуство. Повторно, соработката ги соединува најновите иновации во технологијата со најфункционалниот дизајн, создавајќи рамнотежа на естетика и функционалност. Тој е комбинација на најновите активности за следење и функции за фитнес менаџмент со поврзаноста и паметната технологија на водечкиот паметни уред погоден за носење. За оние кои бараат стил, Porsche Design HUAWEI Smartwatch обезбедува професионално стандардно фитнес следење, најновите паметни функции и софистициран

(Ричард Ју, директор и Извршен директор на Huawei за корисничка бизнис група) Ричард Ју, Извршниот директор на Huawei за Корисничката Бизнис Група за време на ручекот изјави: „Во денешното време на фрагментирани информации, вистинската функција на технологијата е да обезбеди удобност и поврзаност без да се наметнува на вашиот живот. Сакавме да направиме производ кој одговара на оние поединци кои сакаат да ги истражуваат границите на своите изразувања, истовремено имајќи потреба да останат поврзани. Со овој производ повеќе нема потреба да останат залепени за паметниот телефон. Независното поврзување и паметните апликации кои може да ги користите од вашата рака значи дека можете да одите на тренинг и да го оставите вашиот телефон чувствувајќи се слободно и знаејќи дека нема да пропуштите ниту една важна порака. Здравјето и благосостојбата се од витално значење за современиот корисник, но традиционалните уреди за мониторинг се премногу комплицирани и често се користат на одредено време, а потоа се остават настрана. Сакавме да овозможиме комплетна современа технологија за следење стилски и паметно спакувана, со што оваа алатка нема само да го одржува вашето здравје, таа е, исто така, стилска и ви го олеснува секојдневниот живот.”

Достапност и Додатоци

HUAWEI Watch 2 ќе биде достапен во повеќе од 20 земји и региони. Вклучувајќи ги следните земји:

Промоција во март – Шпанија, Франција, Португалија, Италија, Германија, Кина

Промоција во април – Соединети Американски Држави, Велика Британија, Холандија, Белгија, Швајцарија, Ирска, Нордиските земји, Тајланд, Австралија, Нов Зеланд, Русија, Индија, Јужна Африка, Полска, Австрија, Саудиска Арабија, Јапан, Соединети Арапски Емирати

Промоција во мај – Малезија

 

За Huawei Корисничката Бизнис Група

Huawei  производите и услугите се достапни во повеќе од 170 земји и ги користат една третина од населението во светот, со што има пласман на третото место во светот во пратки на мобилни телефони во 2014 година. центри Шеснаесет R&D центри се поставени во САД, Германија, Шведска, Русија, Индија и Кина. Huawei Корисничката Бизнис Група е една од трите деловни единици на Huawei и ги опфаќа паметните телефони, мобилните широкопојасни интернет уреди, домашните уреди и облак услугите. Глобалната мрежа на Huawei е изградена на 20 години  експертиза во телеком индустријата и е посветена на обезбедување на најновите технолошки достигнувања наменети за потрошувачите во целиот свет. За повеќе информации, ве молиме посетете ја страницата: http://consumer.huawei.com

 

За редовни ажурирања на Huawei Корисничката Бизнис Група, следете не на:

Twitter: https://twitter.com/huaweimobile

Facebook: https://www.facebook.com/huaweimobile/

Google+: https://plus.google.com/ +HuaweiMobile https://plus.google.com/u/0/+HuaweiMobile

YouTube: https://www.youtube.com/huaweimobile/

Instagram: https://www.instagram.com/huaweimobile/

LinkedIn: https://www.linkedin.com/company/huawei-consumer-business-group

*Android Pay не е достапен во сите земји.

Android, Android Wear, Google, Google Play и други брендови се заштитени брендови на Google Inc.

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП