23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБлок трансакција со акциите на Стопанска банка АД Битола

Блок трансакција со акциите на Стопанска банка АД Битола

mk-berza224

Првиот трговски ден оваа недела Македонската берза го започна со вкупен промет од 12.088.723 денари реализирани преку 38 трансакции. Денот го одбележа блок трансакцијата со акциите на Стопанска банка АД Битола.

Вкупно беше истргувана количина од 5.244 акции по цена од 1.311 денари. Вкупениот промет на трансакцијата изнесуваше 6.874.884 денари што беше повеќе од половина или 56,87 отсто од вкупно остварениот промет на Берзата. Останатите хартии од вредност кои беа тргувани на пазарот денес остварија промет од околу 5,2 милиони денари.

Акцијата на Охридска Банка АД Скопје денот го заврши со највисок раст на вредноста од (+3,68 отсто) со истргувани 118 акции по просечна цена од 5.082,41 денари. Најголем пад на вредноста од (-1,89 отсто) со истргувани 500 акции по просечна цена од 260 денари забележа акцијата на Македонски Телеком АД Скопје, а по неа следеа акциите на Макпетрол со пад од (-1,48 отсто) и Алкалоид АД со пад (-0,68 отсто).

Обврзниците за денационализација вчера комплетно изостанаа од дневната листа, и со нив не беше склучена ниту една трансакција со што индексот ОМБ остана непроменет. Наспроти него, индексот МБИ-10 денот го заврши со пад од 0,27 отсто, и изнесуваше 2.273,45 индексни поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП