28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајавено историско зголемување на буџетот на војската во САД

Најавено историско зголемување на буџетот на војската во САД

GettyImages-520426618-1280x720

Американскиот претседател Доналд Трамп најави „историско зголемување“ на буџетот на војската за повеќе од девет отсто, без оглед што САД го завршија војувањето во Ирак и Авганистан и сè уште ја имаат најсилната војска во светот.

САД веќе сега ја има најсилната војска на светот и на оружје троши речиси колку и следните 14 држави заедно, ги пренесе Вашингтон Пост резултатите на Меѓународниот институт за стратешки студии за 2016 година.

Трамп во првиот предлог буџет за следната фискална година ќе го зголеми износот на средства на Пентагон за 54 милијарди долари, а истиот износ ќе го намали во неодбранбени подрачја, како издвојувања за помош во странство, рече во понеделник службеникот за Буџет на Белата куќа.

Претседателот го нема последниот збор кај буџетот, па неговиот план за војската ќе биде предаден во Конгресот, кој иако е под контрола на републиканците, не мора да ги прифати неговите намери. Преговорите за буџетот меѓу пратениците би можеле да траат со месеци.

Трамп откри дека неговиот план вклучува „историско зголемување на буџетот за одбрана за да се обнови потрошената војска на САД“.

„Ова е историски настан и порака до светот во овие опасни времиња за американската сила, безбедност и решителност. Мораме да обезбедиме нашите храбри војници да имаат алати со кои би ги спречиле војните, а кога би биле повикани да се борат во наше име, да направат само едно: да победат“, рече американскиот претседател.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП