23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСловенците позадоволни од состојбата во општеството

Словенците позадоволни од состојбата во општеството

slovenija1

Повеќе Словенци се незадоволни од ситуацијата во општеството, од оние што се задоволни, но ситуацијата во однос на лани се подобрила за шест отсто, покажа истражувањето што во понеделник го објави агенцијата за истражување на јавното мислење Валикон.

Мерењето на степенот на задоволство на почетокот на оваа година, што е спроведено на повеќе од илјада испитаници, покажа дека јавната перцепција на состојбата во општеството е подобра за шест отсто во однос на ланското мерење, а се поправа и личното расположение.

Меѓутоа, расчекорот меѓу задоволните и незадоволните и натаму е многу голем, па на еден задоволен Словенец во просек доаѓаат три и пол незадоволни, објави Валикон.

Дека се лично среќни или многу среќни изјавиле помалку од 47 отсто од 1.016 анкетирани полнолетни Словенци.

Дека се целосно задоволни со состојбата во општеството изјавил секој стоти испитаник, но уделот на несреќните постепено, но постојано се намалува, па уделот на оние кои се изјасниле како лично несреќни се смалил за 4 отсто во однос на ланското истражување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП