25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДо крајот на годинава над пет милијарди луѓе ќе имаат мобилен телефон

До крајот на годинава над пет милијарди луѓе ќе имаат мобилен телефон

hands texting with mobile phones in cafe

Повеќе од пет милијарди луѓе ќе имаат мобилен телефон кон крајот на оваа година, се проценува во студијата на Светската асоцијација на оператори(ГСМА), објавена во понеделник.

Според податоците на ГСМА, кој ги соопшти податоците на првиот ден од Светскиот конгрес на телекоми во Барселона, овој симболичен праг од пет милијарди треба да биде постигнат до средината на оваа година.

До 2020 година мобилен телефон ќе поседуваат 5,7 милијарди луѓе или три четвртини од светското население, најмногу заради брзото опремување на населението на Азија, почнувајќи од Индија, што ќе ја донесе половината од вкупниот раст.

Уште еден знак на промена е и тоа што 55 отсто од корисниците на мобилни телефони ширум светот може да користат мобилен интернет, а се очекува нивниот број до 2020 година да достигне 75 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП