24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамалени продажните цени на индустриските производи

Намалени продажните цени на индустриските производи

indu proizvodi3353

Според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари 2017 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски за 0.5% на месечно ниво, односно за 0.8% на годишно ниво.

Во јануари 2017, во споредба со декември 2016 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.9%, Енергија и Трајни производи за широка потрошувачка за 0.3% и Интермедијарни производи, освен енергија за 0.2%.

Во јануари 2017 во споредба со јануари 2016 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите Интермедијарни производи, освен енергија за 4.4%, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.6% и Капитални производи за 0.5%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП