23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Се може да заборавиш, но данок не“ – побрзајте пред да настане...

„Се може да заборавиш, но данок не“ – побрзајте пред да настане метеж во УЈП!

ujp

Околу една четвртина од граѓаните ја завршиле законската обврска и пријавиле данок на 15-на дена пред крајниот рок. Управата за јавни приходи (УЈП) пресметала дека годинава треба да добие над 400.000 пријави.

Сега процедурата се завршува за помалку од пет минути, но со секој нареден ден метежот расте. Веќе е традиција на крајниот рок, 15-ти март, да настане вистинска мешаница кога илјадници луѓе буквално „во 5 до 12“ ќе поитаат на шалтерите на УЈП.

Кој има обврска да пријави данок?

Обврска за поднесување на годишна даночна пријава имаат сите граѓани кои минатата година освен плата имале дополнителни приходи од авторски права, договори на дело, кирии, бонуси, игри на среќа, дивиденди, приходи остварени преку интернет, продажба на недвижен имот, примања од странство, но и оние кои добиле К-15 односно регрес за годишен одмор.

Граѓаните кои оствариле дополнителни приходи, а нема да достават даночни пријави се соочуваат со казни од 500 до 1.000 евра.

Корисни совети при пополнување на даночната пријава

Побарајте збирна пресметка од работодавачот кој ви исплаќал приходи во 2016 година! Работодавачот, односно исплатувачот на приходот, кој ви исплатил приход во изминатата година, има законска обврска најдоцна до 25 јануари да ви издаде збирна пресметка во која ќе бидат искажани вкупните износи на исплатени приходи, платениот персонален данок и придонеси во.

Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ФПИОМ) издава податоци за исплатите, односно збирна пресметка на годишната бруто пензија, социјални придонеси и персонален данок.

Фондот за здрaвствено осигурување (ФЗО) издава податоци за исплатите, односно збирна пресметка на породилно боледување, социјални придонеси и персонален данок.

Годишната даночна пријава е бесплатна и можете да ја преземете од веб страницата на УЈП (http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/21).

Во Пријавата е овозможен компјутерски внес на податоците во бараните полиња. Откако ќе ги пополните отпечатете ја во 2 примерока.

Следете го упатството за пополнување кое е составен дел на Годишната даночна пријава.

Доколку имате проблеми јавете се на бесплатниот број 0800 33 000 во контакт центарот на УЈП.

Даночни пријави се примаат во сите канцеларии на УЈП

Пријавите можат да се достават до сите подрачни канцеларии на УЈП, а на граѓаните на располагање им стои и мобилниот даночен шалтер кој до истокот на рокот ќе биде распределен во 10 населени места.

Шалтерите ќе бидат поставени пред општинските згради и тоа на 3 март во Маврово и Ростуша, на 6 во Јегуновце, на 7 во Желино, на 8 во Зелениково, на 9 во Сопиште, на 10 во Драчево и повторно во Маврово и Ростуша, на 13 во Бутел, на 14 во Петровец и на 15 во Ѓорче Петров.

Доколку сакате да го избегнете метежот пријавата можете да ја испратите и по пошта.

Опцијата за пријавување данок преку интернет многу малку се користи. Секоја година електронски се поднесуваат само по околу 1.000 пријави.

К. Н.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП