24 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИLG G6 доби двојна камера (фото+видео)

LG G6 доби двојна камера (фото+видео)

lg-g6-02

По неколку месеци на какви ли не шпекулации корејскиот концерн „LG“ конечно го претстави својот „LG G6“.

Со новиот предводник Корејците вложуваат на сигурно, така што се откажуваат од модуларен дизајн и кожниот грб за сметка на стилски и здрава конструкција од стакло со метална рамка. Така телефонот губи дел од карактеристичните црти, но можеби се доближува повеќе до она што го сакаат корисниците.

lg-g6-4792

„LG G6“ излегува и првиот топ модел од новата генерација телефони со екран практично без рамки. 5,7-инчниот дисплеј е огромен, но во исто време е изненадувачки компактен.

Екранот на новиот модел доаѓа со однос на страните 18: 9 наместо стандардните 16: 9. Причината е желбата за подобро користење на предниот панел, но и фокусот кон гледање на видео содржини.

lg-g6-10

Екранот подржува две бои, стандардиот „Dolby Vision“ и „HDR 10“ со што „LG G6“ станува првиот телефон со „Dolby Vision“. Како „Netflix“, така и „Amazon“ веќе нудат таква содржина, така што корисниците на овој телефон веднаш може да имаат корист од оваа единствена карактеристика.

lg-g6-4697

Дигиталниот асистент „Google Assistant“ (засега на англиски и германски јазик), исто така е вграден во телефонот. Се активира со задржување на „хоум“ копчето.

Во хардверскиот однос топмоделот разочара малку, бидејќи не доаѓа со најновиот чипсет „Snapdragon 835“, туку го користи минатогодишниот „Snapdragon 821“, заедно со 4 GB RAM и 32/64 GB вградена меморија + „microSD“ слот. Според голем број на шпекулации меѓу технолошките новинари причината за постоењето на стариот процесор е фактот дека „Samsung“ ги гарантирал првите испораки.

lg-g6-4487

„LG G6“ има двојна задна камера, која веќе како да е задолжителна за топ моделите, а вториот сензор е со широк агол. И двете камери се со резолуција од 13 МР. Широкоаголната е со f / 2,4, а стандардната е со f / 1.8, OIS 2.0 и 71 степени опсег. Предната камера пак е 5 МР и со опсег од 100 степени.

Батеријата е 3300mAh и е вградена, односно не може да се вади. Заедно со „LG G6“ сите клиенти ќе ја добијат специјалната „G6 Game Collection“ потполно бесплатна, чија пазарна цена е околу 200 долари. Вклучени се шест бесплатни игри, кои со „G6“ ќе може да се симнат бесплатно од „Google Play“ – „Temple Run 2“, „Spider-Man Unlimited“, „Crossy Road“, „SimCity BuildIt“, „Cookie Jam“ и „Genies & Gems“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП