20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКредитирањето на домаќинствата во еврозоната расте со најбрза стапка од 2011-та

Кредитирањето на домаќинствата во еврозоната расте со најбрза стапка од 2011-та

eu krediti33

Банкарското кредитирање на домаќинствата во еврозоната расте со најбрза стапка од речиси шест години во јануари, соопшти „Ројтерс“, повикувајќи се на податоците на Европската централна банка (ЕЦБ).

Заемите за домаќинствата растат со 2,2 отсто во првиот месец од годината, што е во склад со очекувањата и е наглиот раст од мај 2011-та година. Податоците покажуваат дека програмата за стимулации на банката, која има за цел да се промовира растот преку банкарското кредитирање, на крајот се исплати.

Од почетокот на 2015-та година кредитирањето расте со стабилено темпо, но се забрза само постепено, што доведе до стравување дека трае предолго, додека мерките на ЕЦБ подејствуваат, како и до сомнеж дали воопшто имаат ефект.

Корпоративното кредитирање расте со 2,3% во јануари, без промена во однос на претходниот месец, во кој беше запишан најостриот раст од 2009-та година.

Годишниот раст на парите во оптек во еврозоната, кој се мери преку широкиот монетарен агрегат „М3“, се одложува од 5% до 4,9%. Ројтерс наведува дека „M3“ во минатото често се користеше како предвиден индикатор за економската активност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП