23 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРекордни приходите на германскиот фармацевтски гигант

Рекордни приходите на германскиот фармацевтски гигант

image-345031-860_panofree-xvsc-345031

Германскиот фармацевтски и хемиски гигант „Bayer“ пријави рекордни приходи и профит во 2016 година, додавајќи дека во оваа година очекува понатамошен раст.

Тие додадоа дека очекуваат и заклучување на најавеното преземање на американскиот производител на семиња Monsanto.

Нето профитот на производителот на лекот „аспирин“ е зглемен за 10,2 проценти на 4,5 милијарди евра во минатата година, што е благо под прогнозите на аналитичарот кој го анкетираше компанијата Фактсет од 4,7 милијарди евра, пренесува агенцијата Франс прес.

Приходите се зголемени за 1,5 проценти на 46,8 милијарди евра, што е во склад со очекувањата, додека профитот од работењето, пред вонредните мерки, скокна за 10,2 проценти на 11,3 милијарди евра.

„Повторно остваривме рекордни деловни резултати, а бележиме и добар напредок во договореното преземање на Monsanto“, наведе во соопштението генералниот директор Вернер Бауман.

Растот во најголем дел е генериран во одделението за лекови на рецепт, предводен со 30-процентниот скок на продажбата на антикоагулантот „xarekta“ додека секторот за лекови кои се продаваат без рецепт забележа повторно слаба продажба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП