29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВестбрук пресилен за Казинс и Дејвис

Вестбрук пресилен за Казинс и Дејвис

Oklahoma City Thunder guard Russell Westbrook (0) shoots in front of Portland Trail Blazers center Mason Plumlee, left, and guard C.J. McCollum (3) in the first quarter of an NBA basketball game in Oklahoma City, Sunday, Feb. 5, 2017. (AP Photo/Sue Ogrocki)

Расел Вестбрук (Оклахома) и Блејк Грифин (ЛА Клиперс) со своите индивидуални остварувања ставија печат врз натпреварите во НБА лигата кои се одиграа во текот на изминатата ноќ.

Оклахома го надигра Њу Орлеанс 118:110. Вестбрук 29-ти пат сезонава запиша трипл-дабл учинок. Против Пеликаните, тој оствари 41 поен и по 11 скокови и асистенции. Њу Орлеанс не успеа да го избегне поразот и покрај одличното издание на најдоминантната центарска двојка во НБА лигата Ентони Дејвис (38 поени) и Демаркус Казинс (31 поен, 10 скокови).

ЛА Клиперс го скршија отпорот на Шарлот (124:121) дури по дополнителните пет минути, иако во регуларниот дел имаа предност од 17 поени. Мечот во продолжение го однесе Кемба Вокер кој погоди за три поени на 12 секунди до крајот.

Клиперси ги предводеа Блејк Грифин (43 поени, 10 скокови) и Деандре Џордан (20 поени, 19 скокови), додека кај Шарлот Вокер постигна 34, а Николас Батум 31 поен.

Резултати: Денвер-Мемфис 98:105, ЛА Лејкерс-Сан Антонио 98:119, Милвоки-Феникс 100:96, Вашингтон-Јута 92:102, Торонто-Портланд 112:106, Детроит-Бостон 98:104.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП