19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИHuawei P10 и P10 Plus: Смартфони со технологија од Leica (фото+видео)

Huawei P10 и P10 Plus: Смартфони со технологија од Leica (фото+видео)

hudeset 04444

Голем дел од хардверот на смартфоните изгледа се приближува до крајот на смислен развој: корисниците не и треба многу повеќе моќ за обработка, дисплеите едвај треба да се уште поостри. Сега „Huawei“ се концентрира над вградените камери, слично на конкуренцијата од „Apple“ и „Samsung“. На Светскиот мобилен конгрес (MWC) во Барселона, „Huawei“ покажа два врвни смартфони – „P10“ и „P10 Plus“.

И двата модела имаат три камери: една на предниот дел и два на задната страна, кои се разликуваат само малку во двата модела. Исто така разлики има и во големината на екранот, капацитетот на меморијата и други карактеристики.

hudeset 00

Слично на претходниот модел „P9“, новиот „P10“ е во две големини – 5,1-инчен модел со 1080р дисплеј, како и варијанта со 5,5-инчен дисплеј кој всушност се вика „P10 Plus“. И двата се напојуваат од сопствениот за кинескиот производител процесор „Kirin 960“, а поголемиот модел е со 6GB RAM и 128 GB внатрешна меморија, а помалиот доаѓа со 4GB RAM и 64GB простор.

hudeset 01

И двата модели имаат „microSD“ слот, а батериите им се со капацитет од 3200mAh за „P10“ и 3750mAh за „P10 Plus“. Скенерот за отпечатоци веќе е напред, под екранот, и може да се користи за различни команди (наместо 3-те навигациски копчиња).

Акцентот кај „Huawei P10“ уште еднаш е мобилната фотографија, па свое враќање прави и двојната камера, развиена во соработка со „Leica“. Таа е пак со монохроматски сензор кој веќе е со 20MP резолуција, додека бојата е со 12 мегапиксели. Црно-белиот сензор собира повеќе светлина, додека другиот ги дава боите. Но и во овој поглед двата модела имаат разлики, па „P10 Plus“ добива квалитетна оптика со бленда f / 1.8, наспроти онаа со f / 2,2 во помалиот модел. Предната камера на „P10 Plus“ има и автофокус.

hudeset 02

Апликацијата за камерата на „P103 има многу можности за подобрување на сликата и филтрирање. Покрај се друго, тоа обезбедува режим на „шминка“ со кој се прикриваат лесни дефекти кај лицето. Во минатото оваа функција предизвика критики, бидејќи фотографиите обично изгледаа вештачки и пример вистинската кожа на азиските потрошувачи е многу посветла. Сега софтверот автоматски ќе го детектира и коригира филтерот според потеклото на прикажуваното лице. Во сликите се додаваат дури и вештачки ефекти. Точката за фокусирање може да премести последователно. Покрај тоа камерата сама ќе процени колку широка да е сликата според тоа дали селфито е на еден човек или на група луѓе.

Телефоните се со атрактивни надворешни бои – „Rose Gold“ (розово златна), „Mystic Silver“ (мистично сребрена), „Graphite Black“ (црна графит) и „Prestige Gold“ (престижно златна), како и „Ceramic White“ (керамичка бела).

hudeset 03

Телефонот доаѓа со оперативниот систем „Android 7“ со „Emotion UI 5.1“ (EMUI). Веќе следниот месец уредите ќе бидат на пазарот, но не на сите,  а цените почнуваат од 649 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП