20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВелика Британија ја загуби позицијата „најбрзо растечка“ земја

Велика Британија ја загуби позицијата „најбрзо растечка“ земја

velika-britanija-britanija

Британската економија оствари помал раст во 2016 година од првичните проценки.

Поради тоа ја загуби позицијата најбрзо растечка држава во внатрешноста на Групата седум најголеми светски економии (Г7).

Бруто домашниот производ на Велика Британија во минатата година порасна за 1,8 проценти, а не два проценти како што првично се проценуваше, соопшти британската канцеларија за статистика, а пренесува агенцијата АП.

Најновите податоци, исто така, се пониски во однос на растот од 2,2 проценти од 2015 година.

„Иако компаниите очекуваат добри времиња, најновите податоци создаваат загриженост од создавањето на пукнатини, со повлекување на потрошувачката на домаќинствата поради растот на инфлацијата“, изјави Крис Вилијамсон од истражувачката „IHS Markit“, додавајќи дека Брегзит секако е најголемиот извор на неизвесност“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП