25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТТК Банка АД Скопје со двојно повисока добивка од лани

ТТК Банка АД Скопје со двојно повисока добивка од лани

ttk

ТТК Банка АД Скопје во 2016 година дејствуваше во насока на остварување на своите приоритетни цели и задачи дефинирани во Деловната политика и во Финансискиот план на Банката.

Банката во периодот од 1.1. до 31.12.2016 година оствари позитивен финансиски резултат во износ од 83,7 милиони денари и истиот е двојно повисок во однос на остварениот финансиски резултат минатата година во износ од 38,1 милиони денари.

Банката успеа да генерира повисок оперативен приход за 9,2%, а истовремено и заштеда на оперативните трошоци за 8,7% споредено со истиот период минататa година, со што оперативната ефикасност забележа годишен пораст од 53,4%.

Финансискиот резултат е позитивен и покрај издвоените исправки на вредност за финансиски средства на нето-основа во износ од 79,6 милиони денари и исправките на вредност за нефинансиски средства на нето-основа во износ од 52,5 милиони денари.

Финасискиот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП