29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГрафик на денот: Кои се највисоко оценуваните брендови во секоја земја?

График на денот: Кои се највисоко оценуваните брендови во секоја земја?

final-brands-by

Најоценуваните брендови во светот се во сопственост на компанија со која работиме секој ден. Овој бренд е „Google“ кој доминира во интернетот со удел кај пребарувачите од 64%, а генерира 41% од сите глобални приходи од онлајн рекламирањето, коментира „VisualCapitalist“.

Според најновото рангирање на „Brand Finance“ за 2017-та година вредноста на брендот на „Google“ неодамна се зголеми до 109,5 милијарди долари, со што успева со малку да го надмине брендот „Apple“ со вредност од 107,1 милијарди долари од врвот.

„VisualCapitalist“ го превзема денешниот графика од сајтот „HowMuch.net“ кој ги одредува топ 500 брендовите од различна гледна точка. Тој го презентира брендот со највисока вредност за секоја земја, а во исто време големината на секоја земја одговара на доларската проценка на оваа компанија.

Google е највисоко оценуваниот бренд во светот – 109,5 милијарди долари. Малку по неа се американските брендови како „Apple“ (107,1 милијарди долари) и „Amazon“ (106,4 милијарди долари). Во топ 10 на листата има само 2 брендови надвор од САД – јужнокорејскиот конгломерат „Samsung“ (66,2 милијарди долари) и кинеската банка „ICBC“ (47,8 милијарди долари).

Два производители на автомобили исто така заземаат високи позиции. Јапонската „Toyota“ и германската „BMW“ имаат значителен рејтинг односно од 46,3 милијарди долари и 37,1 милијарди долари. BMW е и европскиот бренд со највисока позиција во рангирањето – 17-та.

Потоа се забележува остар пад на вредноста за повеќето земји. Топ брендовите во земји како Канада, Италија, Швајцарија, Австралија, Русија, Индија и Шпанија не надминуваат 20 милијарди долари по вредност. На целиот јужноамерикански континент највисоко оценувана марка е бразилската банка „Itau“, чија вредност е едвај 6,9 милијарди долари.

Според податоците 76 од топ 100 на брендови се базирани во САД, Кина или Јапонија.

final-brands-by-country-e36c

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП