28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈунјатед стана најтрофеен клуб во Англија

Јунјатед стана најтрофеен клуб во Англија

kup man.utd

Манчестер Јунајтед во неделата официјално стана најтрофеен англиски клуб. Со победата над Саутемптон (3:2) во финалето на Лига купот, Манчестер Јунајтед стигна до својот 42-ри трофеј во историјата што е најмногу во англискиот фудбал.

Долги години Ливерпул беше најтрофејниот клуб во Англија, но во неделата на тронот се искачи Манчестер Јунајтед. Односот на освоени трофеи е 42-41 во корист на „црвените ѓаволи“, кои уште пред неколку сезони станаа клубот со најмногу титули во домашното првенство.

„Мојот најголем предизвик не е што ќе се случи во овој момент, најголем предизвик ми е да го симнам Ливерпул од престолот. Можете така да напишете“, рекол Алекс Феркусон, легендарниот менаџер на Јунајтед, кога бил именуван за менаџер на тимот во далечната 1986 година.

Манчестер Јунајтед:
Првенство – 20
ФА куп – 12
Лига куп – 5
Лига/Куп на шампиони – 3
Куп на победници на купови – 1
Светско клупско првенство – 1

Ливерпул:
Првенство – 18
ФА куп – 7
Лига куп – 8
Лига/Куп на шампиони – 5
Куп УЕФА/Лига Европа – 3.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП