25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРеал преживеа против Виљареал, Барселона победи на Калдерон (видео)

Реал преживеа против Виљареал, Барселона победи на Калдерон (видео)

149871511358b34b618d8c6275175858_w640

Реал Мадрид и по 24.коло остана лидер во Примера, откако успеа да го преживее тешкото гостување на Ел Мадригал. Реал има бод повќе и натпревар помалку од Барселона која во дербито славеше на Винсете Калдерон против Атлетико со 2:1.

Лидерот на табелата во последните половина час успеа да се спаси од пораз кај Виљареал, кој во 50 и 56.минута со головите на Тругуерос и Бакамбу водеше 2:0.

Во последните половина час Реал направи пресврт со головите на Бејл, Роналдо од пенал и Алваро Мората.

Барселона на Винсенте Калдерон успеа да ги искорсити своите шанси и да слави над Атлетико 2:1.

Атлетико беше подобар противник во првиот дел кој заврши без голови. Во вториот дел Рафиња по една долга акција и најдобро се снајде и го совлада Облак, во 64.минута. Шест минути подоцна израмни Диего Годин, а на четири минути до крајот Меси искористи уште една мешаница пред голот на Атлетико и го постави конечнот резултат.

Реал е лидер во првенството со 55 бодови и натпревар помалку, Барселона има 54, трета е Севилја со 52, Атлетико е на четвртото место со 45, бод повеќе од петтопласираниот Реал Сосиедад.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП