29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранција и Германија сакаат силна контрола врз странските инвестиции во ЕУ

Франција и Германија сакаат силна контрола врз странските инвестиции во ЕУ

evra 500

Министрите за економија на Франција и Германија – Мишел Сапен и Бригите Циприс – повикаа на подобра контрола над странските инвестиции во Европската унија, за да не бидат дестабилизирани стратешките сектори.

„Треба да развиеме систем за дополнителна заштита, основана на економските критериуми, за да се контролираат подобро инвестициите кои би можеле да ги дестабилизираат нашите стратешки економски сектори“, наведуваат двајцата министри.

Оваа позиција е изразена во момент на зголемената недоверба на дел од западните општества кон слободната трговија и се посилните и се повидливи критики во Европа против опасноста од „ограбувања“ на технологијата преку инвестиции на новите пазарни економии во ЕУ.

Социјалистот Мишел Сапен и социјалдемократката Бригите Циприс која го замени на крајот на јануари Зигмар Габриел како министер за економија на Германија, го повикуваат Брисел на одговор за овие проблеми со цел да се прифатат мерки за безбедност и заштита на јавниот ред, за да спречат технолошките кражби. Тие ја поддржуваат идејата за „силна Европа, а не Европа-тврдина“.

Според нив „односите на Европската унија со другите големи економски зони треба да се базираат на отворање на пазарите, заемност и фер конкурентни услови“ во момент во кој трговските договори се повеќе критикувани од јавното мислење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП