24 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИX power 2 - новиот смартфон на LG со моќна батерија (видео)

X power 2 – новиот смартфон на LG со моќна батерија (видео)

bate43

„LG“ деновите пред почетокот на „MWC 2017“ саемот во Барселона се одлучи да ги искористи за претставување на нов смартфон. Не, не станува збор за очекуваната „шестка“, туку за значително послаб, но за многумина исто така интересен модел – „X power 2“.

Главна одлика на овој модел не е соборување на брзинските рекорди, туку долготрајноста на батеријата, поради што при изработката се користени и послаби компоненти. Уредот се одликува со 5,5 инчен „HD“ екран (1.280 x 720 пиксели) и осумјадрен „SoC“ со брзина од 1,5 GHz.

Во зависност од пазарите на кои ќе се продава ќе има 1,5 GB или 2 GB RAM, како и 16 GB интерна меморија. Камерите би требало да ги задоволат повремените фотографи (главна13 MP и предна од 5 MP). Што се однесува до техничките карактеристики „X power 2“ доаѓа со поддршка за „Wi-Fi“ (802.11 B/G/n) и „Bluetooh“ (4.2) технологии, како и поддршка за брзо полнење на батеријата – полнење до 50% се реализира за еден час, а до 100 отсто за речиси два часа.

Кога сме кај батеријата, „LG“ особено го истакнува нејзиниот капацитет – 4.500 mAh зa кој тврди дека е доволен за минете цел викенд без потреба од полнач. Според информациите на производителот, со полна батерија „X power 2“ oвозможува до 15 часа гледање на видео материјали, 14 часа користење навигација или 18 часа сурфање на интернет.

Од софтверска страна уредот работи на „Android 7.0 Nougat“. Димензиите на смартфонот се 154,7 x 78,1 x 8,4 милиметри, а тежината е 164 грама. Овој телефон ќе биде достапен во четири различни бои на куќиштето – „Black Titan“, „Shiny Titan“, „Shiny Gold“ и „Shiny Blue“.

Уредот ќе може да се види и на годинешниот „MWC“ саем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП