24 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПрашања за калориите на кои мора да го знаете одговорот

Прашања за калориите на кои мора да го знаете одговорот

shutterstock_208340677

Во науката, калориите претставуваат мерна единица за енергија. Еднаква е на силата која е потребна за еден литар вода да се загрее за еден степен…

Она што го нарекуваме калории во исхраната се всушност килокалории. Eдна килокалорија содржи 1.000 калории. Во исхраната ја користиме оваа единица за количеството на енергија коe се наоѓа во намирниците кои ги консумираме. Што сe би требало да знаете во врска со калориите?

1. Колку калории ни се потребни дневно?

Бројот на калориите кои ни се потребни во текот на денот зависи од годините, обликот на телото како и тоа колку сте активни во текот на денот. На поголемиот дел од тинејџерите и возрасните им се потребни помеѓу 1.500 и 2.500 калории, дневно. А колку повеќе килограми имате, толку повеќе калории ви се потребни за да ја одржите телесната тежина.

2. Колку калориите влијаат на тежината?

Половина килограм масти се еднакви на 3.500 калории. Значи, за да ослабете половина килограм, би требало да согорите 3.500 калории со вежбање, или да го намалите нивниот внос. А за да изгубите половина килограм неделно, потребно е на дневно ниво да го намалите вносот на калориите за 500.

3. Колку физичката активност влијае на калориите?

Било која физичка активност бара енергија, па зголемената активност со ист внос на калории во текот на денот ќе ја зголеми и нивната потрошувачка. Исто така, тренингот за сила со кој се гради мускулната маса го забрзува вашиот метаболизам, што значи дека на телото му се потребни повеќе калории – дури и кога не вежбате многу. Изградбата на мускулите е добар начин за да постигнете здрава телесна тежина.

4. Кој е најдобриот начин да следиме колку калории сме внеле?

Можете да запишувате на парче хартија колку сте внеле во текот на денот, односно да водите некаков вид на дневник на исхрана. Постојат и бројни веб страници коишто ви нудат можност да следите колку калории сте внеле, како на пример Calorie Count.

5. Не се сите калории исти. Но што значи тоа?

Сите калории се подеднакви во енергетска смисла. Секој грам јаглени хидрати има четири калории, секој грам протеини има четири калории, а секој грам масти девет. Тоа не се менува. Изразот „сите калории не се еднакви“ значи дека некои извори на калории се подобри од другите. Наместо 250 калории од чоколадо, подобро би било да направите комбинација со 250 калории од неколку различни извори, на пример, банани, јаболки и круши.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП