24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗPanamera Turbo Hybrid e најмоќниот сериски модел на Porsche!

Panamera Turbo Hybrid e најмоќниот сериски модел на Porsche!

pp3044

Со вкупна комбинирана моќ од 680 ks, новиот „Porsche Panamera Turbo S E-Hybrid“ воедно е и еден од најбрзите модели во понудата на овој германски производител.

Со оглед на тоа што ексклузивниот „Porsche 918 Spyder“ повеќе не се произведува, „Panamera Turbo S E-Hybrid“ се најде на чело на најмоќните акутелни модели на „Porsche“.

Oвој автомобил за погон користи 4.0-литарски „twin-turbo V8“ кој испорачува 550 ks, a му помага електромотор со 136 ks. Вкупната комбинирана моќ на двата агрегати изнесува 680 „коњи“, додека максималниот вртежен момент изнесува 850 Nm, a достапен е од 1.400 o/min.

Перформансите на автомобилот се исто така импресивни. Oд 0 дo 100 km/h „Panamera Turbo S E-Hybrid“ стигнува за само 3,4 секунди, додека максималната брзина е 310 km/h.

Само за споредба, „Porsche 911 GT3 RS“, кој е познат како исклучително спортски автомобил, до „стотка“ забрзува за 3,3 секунди, додека неговата максимална брзина е иста како кај хибридната лимузина.

Покрај изразената моќ, „Panamera Turbo S E-Hybrid“ може да се пофали со солидна автономија во возењето на електрична енергија, па така во состојба е да мине до 50 km, што е доволно за кратки дневни релации низ град.

За тоа се заслужни литиум-јонските батерии со капацитет од 14,1 kWh, кои на вообичаен домашен приклучок се полнат за 6 часа. Со помош на изборен, брз 7,2 киловатен полнач времето за полнење се намалува на 2,4 часа.

„Porsche Panamera Turbo S E-Hybrid“ ќе дебитира на претстојниот саем за автомобили во Женева.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП