24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦипрас: Договорот со кредиторите е „чесен компромис“

Ципрас: Договорот со кредиторите е „чесен компромис“

dec74df601975d0ac85f01d14b968f23

Грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави денес дека договорот на Атина со кредиторите за дополнителните реформи во замена за финансиска помош е „чесен компромис“.

Ципрас изјави дека верува дека се отворени нови страници во односите на Грција со ЕУ и Меѓународниот монетарен фонд ММФ по исплатата на помош во последните седум години и дека кредиторите прифатиле дека треба да го доведат до крај спроведувањето на мерките за штедење.

Грција и нејзините кредитори се договорија на почетокот на неделата за спроведување на дополнителни реформи во замена за воведување на некои даночни олеснувања.

Ципрас изјави дека очекува дека извештајот за спроведување на новиот договор ќе биде завршен до 20-ти март.

„Апсолутно сум уверен дека постигнавме чесен компромис. Прв пат во седум години договорено е да застанеме зад принципот на постојани мерки за штедење“, изјави грчкиот премиер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП