20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАССК: Продолжуваат позитивните трендови во градежништвото

ССК: Продолжуваат позитивните трендови во градежништвото

Gradezna-komora-680x365_c

Капиталните проекти и мерки за стимул на градежништвото го продолжуваат позитивниот тренд на овој сектор кој ќе биде столб на економскиот развој и во наредните четири години.

Во пресрет на Меѓународен сaeм на грaдeжништвo, грaдeжни мaтeриjaли и грaдeжнa мeхaнизaциja, градежните компании, одржаа средба на која се обрати претседателот на Градежната комора на Македонија Роберт Хот. Тој истакна дека се очекуваат нови бизнис контакти и соработка помеѓу претставниците на градежниот сектор, банкарите, градоначалниците на општините како и граѓаните на Македонија.

„Годинава, овој сектор се очекува да оствари раст од 5,2 проценти, како резултат на планираните инфраструктурни проекти. Капиталните проекти се повеќегодишни и за нив е обезбедена финансиска конструкција, што влева сигурност. Дополнителен придонес на зголемување на капацитетите на градежниот сектор, имаат и проектите „Купи куќа, купи стан“ и „Купи куќа за млади. Сепак, градежниците, како и другите стопанственици го чувствуваат притисокот од политичката криза. За нив е важно да има стабилност, континуитет и предвидливост, да се реализираат капиталните вложувања, граѓаните да се сигурни при правењето долгорочни инвестиции, како што е купувањето стан или куќа “, рече Хот.

Градежната комора на Македонија каде најугледните градежни компании, активно со свои мерки и предлози ги детектира предизвиците кои претстојат постојано креира статешки политики за секторот во насока на остварување на континуирана работа на компаниите. Исто така, преку предлози активно учество во спроведување на мерки за обуки за доквалификација на работниците во градежништвото, воведување контрола на градежните компании при тендерирање, намалување на процентот предвиден во градбата на станови за лица со посебни потреби, како и предлог за формирање агенција за контрола на потеклото и квалитетот на материјалите и на градбите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП