25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗPolestar ветува нови хибридни спортски модели на Volvo

Polestar ветува нови хибридни спортски модели на Volvo

polvol3

Најрано во 2018-та година ќе се појават верзиите на моделите „Volvo S90“ и „V90“, доработени од „Polestar“, тврди магазинот „Autocar“. Шведската моторспорт и тунинг-компанија соработува успешно со автомобилскиот производител од 1996-та година, а откако „Volvo“ ја купи во 2015-та година, појавата на најмоќните и спортски верзии на моделите се забрза.

При промоцијата на верзиите на „Polestar“, компанијата ќе се насочи кон хибриден погон, за да се дистанцираат моделите на „Volvo“ од германските ривали – главно „BMW M“ и „Mercedes-AMG“. Се уште нема официјална потврда што точно ќе доработват стручњаците од „Polestar“ по новите модели на шведската компанија, но експерти од автомобилските спортови уште минатата година рекоа дека се заинтересирани за промени на хибридниот систем „T8“, кој доаѓа кај големиот кросовер „XC90“.

Всушност, употребата на хибриден погон е најдобар начин според „Polestar“ да се минимизираат негативните од одлуката на „Volvo“ да користи само 4-цилиндричен мотор. „XC90 T8“ е опремен со 2,0-литарски 4-цилиндричен бензински мотор со турбо и компресор и има моќност од 315 КС, а работи со електромотор со моќност од 81 КС.

Но, во варијанта со хибридниот систем кој може да се појави кај „S90“ и „V90“ отстапува на моќноста со која се нудат „BMW M5“ – 555 КС. По интервенцијата на „Polestar“ сепак тоа ќе се промени, а освен тоа се очекува и сериозно подобрување во однесувањето и возноста на новите и бирање на брзина кај „S90“ и „V90“.

Ограничените серии на „Polestar“ базирани на моделите на „Volvo“ се продадат исклучително брзо, а компанијата веќе објави дека планира да ги доработува сите модели на автомобилскиот производител.

„Polestar“ го претставува „Volvo“ во светскиот шампионат за туристички автомобили (WTCC), каде Швеѓаните се натпреваруваат со „S60“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП