20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМинистерот за финансии го посети Централниот регистар

Министерот за финансии го посети Централниот регистар

minovski centralen

Министерот за финансии Кирил Миноски во петок оствари работна средба со директорот на Централниот регистар Андреа Поповски во просториите на Централен регистар.

За време на посетата беше разговарано за текот и начинот на поднесувањето на годишните сметки и финансиските извештаи за 2016 година за правните субјекти од страна на сите обврзници во Р. Македонија.

Се разговараше за формата и начинот на кој субјектите имаат можност да го извршат поднесувањето, функционалноста на системот и за одличната бројка на поднесени годишни сметки во хартиена и електронска форма.

До 24.02.2017 околу 20.000 субјекти ги поднеле своите годишни пресметки онлајн, што претставува показател за континуитетот и функционирањето на системот за електронско поднесување на годишни сметки. Бројката е во значителен пораст од лани истиов период кога изнесувала 12.000.

Беше потенцирано и продолженото работно време кое Централен регистар како сервисно ориентирана институција ќе го овозможи за субјектите со цел да излезе во пресрет при непречено одвивање на сите процеси при поднесувањето на пресметките.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП