24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООсум македонски атлетичари на Балканското првенство во Белград

Осум македонски атлетичари на Балканското првенство во Белград

Atletika-680x365_c

Балканското првенство во атлетика во сала ќе се одржи в сабота во Белград, Србија, а македонската репрезентација ќе настапи со осум натпреварувачи.

Балканското првенство во атлетика ќе се одижи во Белградската арената и ќе биде увертира за Европското првенство во сала кое од 3. до 5.март исто така ќе се одржи во Белград.

Македонија на Балканското првенство ќе ја преставуваат Јана Митовска (Работнички), Дрита Ислами (Работнички), Сашо Голубиќ (Пролет) и Александар Таневски (Работнички) во дисциплината 60 метри, Катерина Тимчевска (Куманово) на 400 метри, Рената Соколовска (Делта) на 800 метри, Дарио Ивановски (Работнички) на 3.000 метри, Бесијана Мустафа (Лириа) скок во височина, Мартина Мироска (Охрид) и Александар Таневски (Работнички) скок во далечина, Јана Митовска, Дрита Ислами, Катерина Тиммчевска, Кристина Јосифовска во дисциплината 4×400 метри.

Организаторот, Атлетскиот сојуз на Србија, соопшти дека на Балканското првенство ќе учествуваат околу 300 натпреварувачи од 16 држави.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП